Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 30 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
“Позитивните примероци се одбрани од тестираните позитивни во период од 25.04-01.05.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Неготино и Гевгелија.
Во 1 (3,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 29 (96,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст од 1,1% на бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19
Минатата недела за 2,3 пати помалку починати од Ковид-19
Фото: МЗ