еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичниот суд го издал упатниот акт за затворската казна на Камчев за „Империја“

Кривичниот суд го издал упатниот акт за бизнисменот Јордан Камчев за отслужување на затворската казна од една година, која ја доби по спогодбата со Обвинителството за случајот „Империја“, потврдија за Радио Слободна Европа од Кривичниот суд.

Упатниот акт е во фаза на достава и затоа, како што велат од судот, со дополнителни детали ќе излезат утре.

Но, Камчев и покрај упатниот акт, има законска можност да побара и одложување на издржувањето на затворската казна, поради одредени причини.

Покрај затворската казна, Камчев треба да уплати и 5,1 милиони евра на државниот буџет преку УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако се спогодил за „Империја“, Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра во државниот буџет

Детали од Обвинителството за спогодбата на Камчев за „Империја„

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во речиси 130 земји, меѓу кои е и Македонија не стигнала ни една вакцина против Ковид-19

Редакција

(Фото) Тања Кокев ја облече сопругата на Ковачевски за свечената вечера во Вилнус во рамки на Самитот на НАТО

Редакција

Барањата на Бугарија резултат на авантуристичката политика на Владата, вели Мицкоски

Редакција