Кристал 1923 АД Велес за периодот од 01.01.2022 – 31.03.2022 година оствари добивка во износ од 18.025 илјадa денари, додека во истиот период од претходната година имаше добивка во износ од 35.891 илјадa денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Во 2022 година во првите три месеци се остварени вкупни приходи во износ од 203.696 илјада денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 17%. Поголем дел од приходите се од домашен пазар.
Приходите од странски пазар во однос на претходната година се зголемени за 85%.
Расходите за трите месеци оваа година изнесуваат 185.671 илјада денари и во однос на претходната година се зголемени за 35%.
Од напред наведеното може да се заклучи дека зголемувањето на приходите е помало за 18% во однос на зголемувањето на трошоците и како резултат на тоа добивката во ова тромесечие е помала од добиката од претходниот период“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки Кристал 1923 со добивка во првите девет месеци