еМагазин
Бизнис

Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари, а просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од таму додаваат дека лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица.

До 15 август е и рокот за доставување на барање за понуди за Јавна набавка на меркантилна пченица за потребите на Агенцијата за стоковни резерви. На јавниот оглас за прв пат се дозволени и помали лотови, со цел и земјоделците да можат директно да продадат пченица за стоковни резерви.

„Има 10 лота од по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.
Очекуваме сите овие мерки да дадат дополнителен стимул во овој сектор, како и да обезбедиме одржливо и конкурентно производство на полјоделските култури, особено на пченицата како најзначајна“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство уништила 280 килограми небезбеден сусам увезен од Индија

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во декември

Редакција