Внимавајте на своите куфери кога патувате на одмор, за да не останете без нив.
Токму тоа им се случило на читатели на еМагазин, кои не контактираа од Египет.
Имено, откако со чартет лет од Скопје слетале во летувалиште во Египет уредно си го подигнале багажот од аеродромот и со останатите од групата се упатиле кон автобусите кои што требало да ги однесат до хотелите.
Куферите ги сместиле во оделот за багаж во автобусот, но кога стасале во својот хотел доживеале шок- куферите ги немало.
Веднаш пријавиле кај локалниот тур оператор и кај обезбедувањето на хотелот кои со асистенција на полицијата после неколку часа куферите ги нашле во друг хотел каде што се сместиле другите македонски туристи од групата.
Како што ни раскажаа, крадците бидејќи први се симнале од автобусот, ги украле куферите и си ги однеле со себе во својот хотел.
За среќа, оваа непријатна случка имала позитивна разрешница, но останал шокот на нашите читатели и згрозеноста на локалните тур оператори од нецивилизацискиот потег на некои македонски туристи.
Читателите на еМагазин ја споделија случката како предупредување до останатите туристи кои кога патуваат да внимаваат на својот багаж при транспорт до хотелите.