Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 40 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
“Позитивните примероци се одбрани од тестираните позитивни во период од 09 -15.05.2022 година, од следните градови: Скопје, Струга, Охрид, Кавадарци, Неготино, Велес и Гевгелија.
Во 2 (5,0%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 38 (95,0%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, стои во најновиот извештај на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пад на бројот на реинфекции со Ковид-19
Минатата недела едно лице починало од Ковид-19
Фото: МЗ