еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По Мијалков, укинато обезбедувањето и на Тодоров, право на обезбедување се уште има Груевски

МВР го укина и последното лично обезбедување на функционери од поранешната влада. Од МВР за МИА потврдија дека по направени безбедносни проценки не постои безбедносен ризик врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поради тоа е укинато.

– Од поранешните функционери обезбедување се уште користи само поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Нему му следува обезбедување толку години колку што бил на функцијата, посочуваат од МВР.

На прашање на МИА колку лица биле ангажирани за обезбедување на поранешни функционери во изминатава година, од МВР истакнаа дека не можат да дадат одговор, а проценката за тоа колку луѓе се потребни ја вршел Одделот за обезбедување.

МВР од скоро го укина обезбедувањето и на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека веќе не постојат безбедносни ризици.

По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила.

МИА/Фото: Фејсбук/Тодоров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ДУИ молк за застрелувањето на Ваљон Беља

Редакција

Завршни зборови за „Транспортер“, во кој е обвинет поранешниот битолски градоначалник Талески на 2 март

Редакција

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција