еМагазин
Свет

Лекови на Фајзер ќе бидат достапни по непрофитна цена во сиромашни земји

Патентираните лекови на Фајзер, вклучувајќи ги и Паксловид (paxlovid) за лекување на Ковид-19 и Ибранс (ibrance) против рак на дојка, ќе бидат достапни по непрофитна цена во 45 најсиромашни земји во светот, соопшти компанијата.

Планот на Фајзер вклучува 23 патентирани лекови и вакцини што лекуваат заразни болести, одредени видови на рак, како и за ретки и воспалителни болести.

Пет земји, Руанда, Гана, Малави, Сенегал, Уганда, веќе се обврзаа да се приклучат на договорот, најавен на Светскиот економски форум во Давос.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера изјави дека договорот ќе им овозможи на земјите и производителот на лекови да ги поделат „товарот на трошоци и задачи во производството и испораката на резерви што ќе спасат милиони животи“.

Имаше критики до Фајзер за начинот како се воведе вакцината против Ковид-19, а некои сиромашни земји чекаа со месеци, откако првите дози стигнаа во богатите држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД, Германија, Британија и Летонија предупредија на терористички напад во Москва пред две недели

Редакција

Британски научници се сомневаат дека децата се поподложни на новата варијанта на коронавирусот

Редакција

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

Редакција