еМагазин
Image default
Македонија

Александар Обедниковски нов директор на Клиничката болница во Битола

Министерството за здравство ја разреши Билјана Гагачовска и за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го именува Александар Обедниковски, лекар специјалист ортопед.

Обедниковски во ЈЗУ Клиничка болница е вработен од 2014 година кога истовремено специјализирал ортопедија, а во 2018 година суб-специјализирал трауматологија.

Своите стручни знаења тој ги усовршувал и во повеќе европски држави, меѓу кои Шведска, Грција и Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичеец од утринава почна да ја издржува затворската казна за „Рекет“

Редакција

Претседателката на ССК, Данела Арсовска независен кандидат за градоначалник на Скопје

Редакција

(Фото) Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј од Серафимовски за папата Франциск

Редакција