еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател Стојанов

Позицијата на Бугарија кон С.Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ мора да се води во пријателски тон.

Стојанов нагласи дека во Бугарија премногу се робува на јавното мислење и дека вистинските државни лидери мора да го креираат јавното мислење, особено кога станува збор за историски одлуки, како што беше зачленувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ.

МИА/Фото: МИА/бТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Промена на името и во ОБСЕ: „Збогум Поранешна Југословенска Република Македонија!“

Редакција

32 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Народна банка: Инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек

Редакција