еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нобеловецот Кругман од Скопје ни порача да си ги поправиме патиштата ако сакаме инвестиции

Добитникот на Нобелова награда за економија, Пол Кругман, денеска во Скопје, зборувајќи како главен говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум, и порача на Македонија дека има добри можности за развој, но дека треба да ја подобри инфраструктурата.

„Локацијата на вашата земја е добра, политичкиот систем е добар, но треба да се поработи на патиштата“, рече Кругман, кој важи за еден од водечките економисти на денешницата.

На прашањето кои структурни реформи треба да ги направи Македонија за да постигне одржлив раст, Кругман рече дека не знае доволно за економијата на Македонија, но она што е очигледно е дека е важна логистиката.

„Вие сте континентална земја, транспортната инфраструктура е очигледно неопходна. На долг рок тука се образуваната работна сила, едукацијата, но она што е сега неопходно, ако сакате фабрики од Германија, од Холандија, итн. да ги убедите користат производство од тука, најважно прашање е инфраструктурата за да може тие производи да се транспортираат“, рече Кругман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски и Бесими го прошетаа низ Охрид нобеловецот Пол Кругман

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Венко Филипче, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција

Град Скопје утре ќе објави нов јавен повик за приватни превозници, „Слобода превоз“ и Макекспрес“ нема да можат да аплицираат

Редакција

Арачиновец нападнал со нож граѓани во скопски Аердором, откако претходно се обидел да ги прегази

Редакција