еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По излегувањето на “Има таков народ“, Петков најави дека ќе води малцинска влада

Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.

Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор. Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

Претходно, Трифонов најави повлекување на министрите од таа партија кои се во владата поради две причини.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи, Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе падне ли бугарската Влада: Партијата на Трифонов ги повлекува своите министри, една од причините Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Јумак“ го доби тендерот на Град Скопје за дизајн и изведба на велосипедска патека на Водно вреден 115.000 евра

Редакција

Одземени сите лиценци на БЕГ

Редакција

26-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Редакција