еМагазин
Image default
Македонија

Зеленски му пишал на Пендаровски: Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки

Претседателот на Украина Володимир Зеленски упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Пендаровски во текот на месец мај 2022 година, информираат од Кабинетот на претседателот.

– Ваша Екселенцијо, Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија. Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, наведува Зеленски во писмото до Пендаровски.

Украинскиот претседател изразил благодарност што „Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор“.

– Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето кандидатски статус на нашата земја за пристапување во Европската Унија. Таква искрена позиција на претседателот на Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во ЕУ, е од особено значење, се наведува во писмото.

Зеленски изразува надеж дека Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок.

– Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ, стои во писмото на претседателот на Украина до македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

Редакција

Денеска треба да почне судењето за Палевски и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција

Ќе има ли двотретинско мнозинство: Уставните измени во рацете на Беса

Редакција