еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се јави Рашковски, вели оти не си го барал пасошот

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој е обвинет за случајот „Софтвери“ се јави со реакција по информацијата дека побарал од судот да му биде вратен пасошот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

„Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“, стои во неговиот демант.

Рашковски вели дека случајот „Софтвери“ против него, кој е во тек, е под постојана „контаминација од лажни вести“, за, како што вели, да се креира „погрешна слика“.

„Медиумите секогаш биле добро примани од моја страна како соговорници, затоа би било професионално при било каква објава поврзана со мене да побараат и потврда за планираната објава од моја страна.

Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судска постапка е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика. Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи кои се од јавен интерес. Но, не дозволувајте да сте катализатор на туѓите лажни вести“, стои во реакцијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани нови случаи на лица во Македонија кои истовремено имаат грип и Ковид-19

Редакција

Бети пак ќе носи Прада

Редакција

138 лица од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30-39 години

Редакција