еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите документи се спремни за увид за пожарот во Тетово, велат од Министерство за здравство

Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на КБ Тетово, каде на голема жалост имаше и човечки загуби, информираат од таму.

„Ја информираме јавноста и истражните органи дека стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата.

Стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство информира дека откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите.

„Примипредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот.

Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

БРАКО: Нашиот дел од работите во ковид-центарот во Тетово се направени согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски позитивен на Ковид-19: Во изолација и неговата сопруга

Редакција

Горан Валевски назначен за нов директор на Општата болница во Охрид

Редакција

(Фото) Српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ од Битола: „Ова навистина беше наша вечер”

Редакција