еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 678 починати од Ковид-19, 591 биле невакцинирани, а 87 вакцинирани

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерство за здравство за периодот од 6 август до 9 септември.

„Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид -19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 143 деца до 9-годишна возраст се заразиле со Ковид-19

Редакција

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Редакција

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Редакција