еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најчевска: Време е Македонците да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и ООН

Време е Македонците да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и ООН, вели професорката Мирјана Најчевска.

“Колонијалните политики на светско ниво беа минирани по завршувањето на Втората Светка војна.

Промоцијата на колонијализам на европско ниво во 21 век е анахронизам за кој ќе пишуваат историчарите на иднината.

А во моментов, време е Македонците (не граѓаните на Северна Македонија туку самите Македонци) да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и пред ООН.

Станува збор за прекршување на основни права поврзани со јазикот и за присилна асимилација.

За тоа треба да се расправа. И да се заземе став на ниво на меѓународни организации создаден токму со таа цел“, пишува таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев дојде на роденден кај Ахмети, домаќинот пресече и торта

Редакција

Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ ќе гради фабрика за електрични батерии за автомобили во Кичево

Редакција

Од Ковид-19 починаа 6 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција