еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Италија поддржува одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Италија е за одвојување на преговорите на Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пишува „Јуроњуз“, пренесува агенцијата Мета.

Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското вето за земјава што се случи вчера, првин во бугарскиот парламент, а потоа во Брисел, и двете земји треба да ги почнат преговорите. Но, условите што ги наметнува Бугарија за Македонија и се однесуваат само на неа, дефинитивно ќе го отежнат максимално процесот на преговорите.

Според пренесеното од „Јуроњуз“, Драги, очигледно, смета дека Албанија треба да биде поштедена од заедничката рамка во која се ставени Македонија и Албанија и дека Албанија треба да напредува во преговорите со сопственото темпо, без и понатаму да биде изедначувана со Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

Бајрактаров: Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Северна, Владанка и правна држава„: Твитер за условната казна на Авировиќ за „Труст„

Редакција

Пролет среде зима: Од утре топло време, со температури над просекот за овој период

Редакција

Нови 394 случаи на Ковид-19 од 2.236 тестирања, во Скопје 190

Редакција