еМагазин
Image default
Македонија

Пронајден починат возач во возило во кавадаречка фабрика

Починато лице во возачка позиција било пронајдено синоќа  во товарно возило во кругот на кавадаречка фабрика.

Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека станува збор за 62-годишно лице, кое всушност било возач на возилото. На телото немало видливи траги на насилство. Било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Редакција

Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот, велат од МОН

Редакција

Филипче го презентираше протоколот за градинките: На прием на секое дете ќе му се мери температура

Редакција