еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи вели оти неприфаќањето на “францускиот предлогот“ носело ризици за бесперспективност, кризи и меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал.

–Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори.

Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши.

Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР.

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

-И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи.

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

-Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш.

А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување

Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Министерства и институции кои трошат најмногу пари од буџетот

Редакција

Османи утре во Софија, ќе сретне и со Бојко Борисов и Кирил Петков

Редакција

Магдалена Несторовска останува на позицијата државен секретар во МВР

Редакција