еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37 годишна жена.

МИА претходно информираше во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15 годишно девојче и 62 годишна жена. Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четири повредени лица.

Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загинаа девојче и жена во сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Венко Филипче, старо-новиот министер за здравство

Редакција

Убава вест: Оздравени 305 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Штип, Ресен и Свети Николе со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција