еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Приказната на Александра и Ибрахим: Свадба во Македонија, живот во Абу Даби

Александра Стојменова ја напушти Македонија пред четири години, а причината како што вели биле новите предизвици кои ги гледала во странство, а и недостасувале кај нас. За кратко време, во Обединетите Арапски Емирати достигнала позиција marketing & events manager во медицински центар од каде што и биле отворени многу други позиции за напредок во кариерата.

Нејзиниот сегашен сопруг Ибрахим Јамус е од Јордан, но роден е и живее во Абу Даби.

„Правевме мала веселба во Абу Даби, а „поголемата“ свадбена веселба ја оставивме за во Македонија од неколку причини. Да ги соберам сите мои роднини и пријатели на едно место. Сакав и тој да научи за нашата традиција, па се решив на традиционална македонска свадба. И секако, на мајка ми која организираше се, и беше мерак да ја види ќерка и во бело“, вели Александра за еМагазин и додава дека роднините на Јамус се изненадени од тоа колку се слични арапските и македонските свадби во однос на музика, играње, па дури и обичаи.

По свадбата, која ја направија во „Романтик“ во Велес, тие се вратија во Абу Даби, но како што велат размислуваат и за други опции за живот и работа, но во малку подалечна иднина.

„Предност е тоа што сум финансиски порелаксирана, не живеам во страв да не ја изгубам работата, затоа што зад следната врата ме чека нова. Но, се разбира ми недостасуваат пријателите, семејството, социјалниот живот, македонската клима од пролет до есен. Има и многу други предности и недостатоци, за кои ќе ни треба друга приказна“, додава Александра.

Фото: Different Photography

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во мај

Редакција

Почит кон своите корени: Предпремиера на „Македонисимо“ на Трпчески во струшкото село Збажди

Редакција

Германски „Шпигел“: Бугарија со своето вето за Македонија предизвика уште една криза во ЕУ

Редакција