еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инфлацијата се намали, но потребна е внимателност, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Преземените монетарни мерки, заедно со намалувањето на цените на храната и на енергентите на светските берзи, се факторите коишто влијаеа инфлацијата во нашата земја да се сведе на 3%, што е под просекот на земјите во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Сепак, иако ценовните притисоци се намалуваат и инфлацијата е во постојан пад, имајќи предвид дека и натаму постои неизвесност, неоходна е претпазливост и внимателен пристап при водењето на макроекономските политики, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на тркалезна маса во рамки на Регионалниот состанок на гувернери на централни банки, кој се одржа во Сплит, Хрватска.

„Иако инфлаторниот шок е глобален феномен, кој ги погоди сите економии, сепак тој се манифестираше со различен интензитет во различни економии. И во самата ЕУ имаше голема разлика при што просечната инфлација во 2022 година се движеше од 5,9% во Франција, до 19,4% во Естонија.

Кај нас просечната инфлација изнесуваше 14,2% и беше над просекот од земјите во ЈИE (11,7%). Притоа и инфлацискиот диференцијал во однос на ЕУ се зголеми како одраз на повеќе фактори, вклучително и повисокo учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка, големата увозна зависност и енергетската неефикасност (трошиме три пати повеќе енергија за производство на единица БДП), видот и интензитот на мерките, како и растот на профитабилноста на корпоративниот сектор на што упатува и анализата на Светска банка.

Сепак, од крајот на 2022 година, инфлацијата кај нас забавуваше со побрза динамика од ЕУ со што јазот помеѓу домашната инфлација и онаа во ЕУ речиси се исцрпи, а е пониска и од просекот во ЈИЕ.

Намалувањето на инфлацијата на 3% се должи на падот на цените на храната и на енергијата на меѓународните пазари, одредено намалување на енергетската увозна зависност со раст на домашното производство на енергија во 2023 година, како и монетарното затегнување“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна дека покрај неизвесноста поврзана со движењето на светските цени на примарните производи, регионот се соочува и со уште еден ризик, а тоа е растот на платите на кој што мора будно да се внимава.

На тркалезната маса на која говореше гувернерката Ангеловска-Бежоска, дискутираа и гувернерите на централните банки на Хрватска, Борис Вујчиќ, на Словенија, Боштјан Васле, на Црна Гора, Ирена Радовиќ, како и вицегувернерот на Босна и Херцеговина, Жељко Мариќ. На настанот свое излагање имаше и Алфред Камер, директор на Одделот за Европа при Меѓународниот монетарен фонд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Планот за продажба на резерви на Меѓународната агенција за енергетика, ги намали цените на нафтата на 100 долари

Редакција

Просечната плата во мај 26.390 денари, највисоки платите во ИТ, финансиите и фармацијата

Редакција

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Редакција