Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 4 до 10. јули покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.
„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=558; 32,2%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=66; 3,8%).
Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување кај сите возрасни групи (со најзабележително зголемување од 3,1 пати кај возрасната група од 10-19 години)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела бројот на новозаразени со Ковид-19 пораснал за 80%
Фото: МЗ/табела: ИЈЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.