еМагазин
Image default
Македонија

Ако по 5 до 7 години од преговорите со ЕУ, се уште имате проблем со Бугарија, вие ќе станете Швајцарија – колку лошо е тоа?, вели холандскиот амбасадор

Интересите на Холандија во С Македонија се многу едноставни. Сакаме просперитет и стабилност и затоа не гледаме алтернатива за С Македонија освен ЕУ и НАТО. Треба да бидете во НАТО и треба да бидете во ЕУ. Тоа е добро за С Македонија, тоа е добро за Холандија и тоа е добро за Европа, изјави денеска во Скопје холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

Влегувањето во ЕУ, посочи Јан Коп, е процес базиран на заслуги, но не се работи само за едноставно заокружување на она што е постигнато, туку и да се дејствува и да се спроведуваат реформи.

– На крај единствено С Македонија може да биде господар на својата судбина. Ова е во голема мера национална одлука на С Македонија и единствено нешто што можам да кажам е добре дојдовте во Европа, бидејќи во агендата на ЕУ и сите важни прашања, како што е Брегзит, буџетот, климатските промени, бегалците и проширувањето, ние секогаш креираме неубави компромиси.

На крајот никој не е среќен, но секој добар компромис е баланс на задоволството од двете страни, изјави денеска Јан Коп, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за промоција на кампањата „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“.

Според Јан Коп, овој компромис „нема да победи на натпревар по убавина“, но дефинитивно ќе не однесе во ЕУ. Бугарија, посочи тој, сега го кочи почетокот на преговорите и тоа е проблем, но тоа што сакаме да го постигнеме е крајот на преговорите, кога земјава ќе стане членка на ЕУ.

– Јас сум оптимист дека ова ќе се случи, бидејќи на крајот ова треба да биде добро владеена земја со два милиони луѓе. Па што е проблемот, спроведете ги работите и направете реформи, бидејќи на крајот самото тоа ќе ве стави во одлична преговарачка позиција во преговорите во следните години, како и во однос на Бугарија, изјави Јан Коп.

Чувство за оптимизам, според него, треба да биде тоа што С Македонија може да напредува многу брзо во многу поглавја од преговорите.

– Само еден пример. Кога преговорите ќе дојдат до поглавјето за тарифи и царина, земјата ќе ги помине речиси веднаш. Побрзо од очекуваното и има многу области во преговорите со ЕУ каде С Македонија е најдобриот ученик, споредено со останатите земји од Западен Балкан и тоа треба да биде извор на оптимизам, а не Бугарија, изјави Јан Коп.

Во однос на можноста Бугарија да го блокира секој чекор на земјава во преговорите, амбасадорот посочи дека според него, единствена важна работа за оваа земја е дека ги почнува преговорите.

– Политиката на Унијата е дека билатералните прашања треба да бидат решени меѓу самите земји и нема простор за нив во преговарачкиот процес. Ние ќе го следиме тоа и Комисијата кажа дека ќе го следи тоа.

Затоа, ако можеме да добиеме некој вид на компромис сега меѓу вас и Бугарија, тоа ја отвора вратата, и да бидам искрен јас сум многу повеќе заинтересиран за крајот на преговорите, отколку за почетокот, бидејќи само крајот на преговорите, кога ќе ги исполните условите за членство ќе ве направат член на семејството, со исти права како и Бугарија.

Дали во теорија една земја може да го блокира овој процес до самиот крај – да. Секое ново поглавје е нова политичка одлука, за што е потребен консензус од сите земји членки. Но, да речеме дека во теорија, за пет до седум години откако сте во процесот, се уште има проблем, вие ќе станете Швајцарија. Колку лошо е тоа, појасни Јан Коп.

Во однос на намалената доверба на луѓето во ЕУ, холандскиот амбасадор вели дека не е толку голем проблем, колку што е ниската доверба во институциите на државата.

– Довербата во ЕУ сега е намалена на 70 до 68 проценти, но довербата на луѓето во сопствените институции е околу десет проценти. Тоа е проблем, изјави Јан Коп.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 544 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

100 припадници на македонската Армија денеска заминаа да помогнат во санирање на последиците од невремето во Словенија

Редакција

Жените на СДСМ на 9. март ќе маршираат за 8. Март: Зошто не се приклучија на маршот за правата на жените, па да ги слушнат барањата

Редакција