еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста

Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.

Според тоа, новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе биде 102,5 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува непроменета 100 денари за литар и на екстра лесното масло за домаќинство 98 денари за литар.

Цената на мазутот ќе биде 50,903 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Братска“ Бугарија успеа да направи Чеси и Словаци да ги осеќаме како поблизок народ од нив“: Твитер реакции за ветото на Словачка и Чешка

Редакција

Македонија не преговара како Србија со Грција за да годинава летуваме таму, ќе се потикнува домашниот туризам

Редакција

Западот и нанесе штета на руската економија, но Путин досега ги компензира тие трошоци: Кој победува во „војната„ со санкции?

Редакција