еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени уште две лица кои на протестот против „францускиот предлог“ нападнале полициски службеници

Приведени се две лица кои на 5 јули за време на протестите против „францускиот предлог“ физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства, информира Министерството за внатрешни работи.

-Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа К.С.(18) од Тетово и М.Д.(24) од Скопје затоа што на 5 јули во 21:00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлале со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства, се вели во соопштението од МВР.

До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицата се изнесени пред судија на претходна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија е европски шампион во фудбал

Редакција

Запленети 27.000 евра на граничниот премин „Богородица“

Редакција

Бислимоски: Напаѓачот треба да и се извини на институцијата РКЕ, а не на мене

Редакција