еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запленети 27.000 евра на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ е спречен обид за нелегално изнесување девизи, при што се запленети 27.000 евра.

-На 18.07.2023 година околу 20 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин.

При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47.000 евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани, наведува Управата.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување прекршочна постапка.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не откривме дека имало геноцид во Украина, велат од Обединетите нации

Редакција

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчес позитивна на корона вирусот

Редакција

Министерство за животна средина: Набавуваме телефонска централа, опремата не е за прислушување разговори

Редакција