еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожар помеѓу Гевгелија и Богданци, загрозено селото Ѓавато и ветерниците

Пожарот на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, заради ветрот и непристапноста и густата вегетација на теренот, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи на нивниот Фејсбук профил, побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.

Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување, сепак, хеликоптерот нема да полета денеска според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.

Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.

Пожарот избувна во 13:30 часот во поле, а подоцна огнената стихија се прошири во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.

Во гансењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири ПП возила, а ангажирани се и уште три пожарникари кои се испратени од ТППЕ Гевгелија и четирир лица од Шумското стопанство од Гевгелија. Со пожарот зафатен е прнар и нискостеблеста шума.

За справување со пожарот помагаат и вработени од Општина Богданци и мештаните.

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) И вицепремиерот Груби се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Редакција

15 прекршувања на полицискиот час, 393 казни за неносење маска

Редакција

Д-р Пејкова во Клиника Жан Митрев применува најнови методи за дијабетично стапало

Редакција