На Фејсбук-групата „Сите за Мартин“ објавена е мапа на пребарана површина во потрагата по Мартин Јовановски од страна на грчките служби и волонтерите.
„Површината со плаво е помината од грчките служби. Површината со црвено е помината самостојно од нашата екипа, секое крајбрежје што не е проодно е поминато детално од наша страна.
Истрагата продолжува од двете страни. Крајбрежната стража секојдневно ги информира пловните возила и рибарите, OFKATH продолжува со нивниот план, и ние со нашиот,“ информираат во групата.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.