еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, паѓа на СДСМ

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе две кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17. јуни и помеѓу 6 и 10. август 2018 на 1.105 (јуни) и 1.110 (август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањата, како што велат од ИПИС, граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум за името.

Целта на истражувањата била да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 72 пациенти, а вкупно се лекуваaт 692

Редакција

На лидерска кај Пендаровски, Заев и Мицкоски ќе договарат кога точно ќе има предвремени избори

Редакција

Штабот на Река: Малата излезност ја потврдува тезата дека 1/4 од населението е иселено од државата

Редакција