еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Имунитет скапо го плативме со околу 16.000 починати, но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води

Според сите индикатори изгледа дека врвот на бранот се случил неколку дена претходно од прогнозираното, за време на изминатиот викенд, пишува проф. Дејан Трајковски во неговата последна ковид-анализа.

„Малиот број на тестирања покажува дури и преголемо намалување, но броевите од изминатите денови ја потврдуваат промената на трендот.

Ќе ги почекаме дневните броеви од четврток и петок, па ако тие бидат под 870, тоа ќе биде најсилна потврда дека врвот е надминат и дека бројките одат кон намалување.

Денеска имавме невообичаено ниска стапка на позитивни тестови, при солиден број на тестирања.

Не знаеме дали тоа се должи на брзите тестови (во недостаток на ПЦР тестови) или некаков празничен феномeн (теренско тестирање?), поради движењето на луѓето надвор од нивното постојано место на живеење. Минатата година забележавме нешто слично околу Илинден.

Бројот на активни случаи исто така го достигна својот врв. За само неколку дена ќе го поминеме и врвот на смртните случаи, но и тој нема да биде висок при сегашната стапка на леталитет (0,3%-0,5%).

Се очекуваат просечно околу 5 починати дневно, но максимално не повеќе од 10, дури и со задоцнето пријавените случаи од системот „Мој термин“.

Изгледа дека овој бран прилично лесно ќе го поминеме, но да не забораваме дека сега сме точно на половина од бранот и дека во текот на целиот месец август бројот на случаи ќе се мери во стотици. Во Србија има прилично голем број на дијагностицирани, но и починати во овој бран.

Иако имаме споредлив опфат со вакцинација, изгледа дека неконтролираното заразување и прележување во минатите бранови направи населението кај нас да стекне солиден мемориски имунитет, којшто бргу се активира во контакт со вирусот.

Тој имунитет скапо го плативме, со околу 16.000 починати (според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност), но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води,“ пишува на Фејсбук, Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Независно од ниската смртност, постои неизвесност од последиците и кумулативните оштетувања од реинфекции со Ковид-19

Проф. Трајковски: За разлика од претходните бранови вирусот е помалку преносилив, најверојатно поради солидниот хибриден имунитет

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав надоместок ќе има Игор Милев, кој Владата го предлага за претседател на Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

„Луциден“ криминал: Битолчанец фингирал сопствено грабнување за да изнуди пари од родителите

Редакција

Настава ќе биде без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение

Редакција