еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Се урна надвозник во Џенова, 11 лица загинаа

Дел од надвозник над индустриска зона во италијанскиот град Џенова се урна денеска во момент на силна бура проследена со пороен дожд.Министерството за внатрешни работи на Италија потврди дека загинале 11 луѓе.

Италијанскиот министер за транспорт го оквалификува инцидентот како „огромна трагедија“. Пожарникарите тврдат дека при уривањето уништени се околу 20 автомобили.На местото на несреќата се ангажирани околу 200 пожарникари.

Според италијански медиуми се урнал надвозник од 200 метри на магистралата А-10 што води кон Франција и популарни места за одмор во други региони во Италија.

Бетонскиот мост Моранди е отворен во 1967, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил обновен во 2016 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој трет маж во светот е заразен со некој тип на ХПВ вирусот, кој се пренесува преку секс

Редакција

(Фото) Против Ковид-19 се вакцинираше и Бил Гејтс

Редакција

Москва дозволи хуманитарни коридори, ама Украинците треба да се евакуираат во Белорусија или Русија

Редакција