еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари бара техничка влада

Потпретседателот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари на Фејсбук, за надминување на состојбата во земјава, побара итно формирање техничка влада.

– Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет, кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, пушува Таравари.

Тој во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.

Таравари оценува дека сме мали во географска смисла, но „гиганти“ во однос на корупцијата.

– Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат“ овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот, коментира Таравари.

Според него, техничка влада ќе мора како приоритет за излез од кризата на историските дилеми да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот и во неа да членуваат експерти од нивните области без политички врски.

– Токму во такво „руво“ Владата би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти, пишува Таравари.

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативен е тестот на медицинското лице од Гевгелија

Редакција

Продолжува судењето за организаторите на 27 април

Редакција

МВР со детали за сообраќајката кај Струмица во која загина 47-годишен маж

Редакција