еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беса го победи ДУИ во Тетово, Медат Кутровски е нов градоначалник во Маврово-Ростуше

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Општина Тетово.

Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3.340 гласачи од вкупно 3.395 гласачи. Како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, имало 55 неважечки ливчиња, а излезноста била 47,46 проценти.

Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ, Медат Кутровски освоил 3.266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1.935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.

Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа и СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа.

По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1.058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

Почнува да тече рокот за приговори кој изминува во понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Центар Жупа обезбеден цензус, старо нов градоначалник Аријан Ибраим

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Националното собрание ќе решава дали може да се укине ветото за Македонија, изјави копретседателот на владејачката Демократска Бугарија

Редакција

Поради корона вирусот, „Кромберг и Шуберт“ привремено запира со работа

Редакција

СДК: За 5 месеци 122 илјади евра за патни трошоци на пратениците

Редакција