еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најмногу дожд наврна во Тополчани, Струмица и Крушево: И денеска нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Најмногу дожд во изминатото деномоќие наврнал во Тополчани 35 литри на метар квадратен, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. УВ=5

Во Скопје променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бигорски манастир: Една година литургиско и канонско единство

Редакција

Промена на времето: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција

(Фото) Зоран и Зорица Заеви со кршење јајца го прославија Велигден

Редакција