еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 313 случаи на Ковид-19, оздравени 364, седум починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на Ковид-19.

Во Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија – 10, Охрид и Крива Паланка – по 7, Велес , Штип и Кочани – по 6, Струмица – 5, Струга и Делчево – по 4, Гостивар – 3, Кичево, Неготино, Ресен, Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 2, Тетово, Радовиш, Берово , Виница , Крушево и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 79 реинфекции.

Регистрирани сe 364 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Битола – 25, Прилеп , Охрид и Струмица – по 17, Куманово – 15, Кавадарци и Кичево – по 13, Гевгелија – 11, Велес и Кочани – по 9 ,Струга – 8, Тетово – 7, Штип – 6, Гостивар, Ресен и Виница – по 5, Неготино и Берово – по 4, Свети Николе – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Кратово – по 2, Богданци, Крушево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (85г и 83г). Лицата се починати во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Битола (84г), Валандово (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 06.08. до 23.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли и предвремени избори: Заев и Мицкоски на лидерска денска ќе бараат решение за СЈО

Редакција

Заев: Немам докази за руско влијание во Македонија

Редакција

„Енерџи активе“ го доби тендерот на „Национална радиодифузија“ за набавка на струја вреден 479.000 евра

Редакција