Пријавени се 12 смртни случаи од Ковид-19 со датум на смрт во текот на изминатата недела (22- 28.08.2022 година), со намалување од 40% во споредба со минатата недела.
“Најголем број од починатите се од Скопје (8), а пријавени се и по еден смртен случај од Валандово, Кратово, Охрид и Прилеп.
Во однос на возрасната група 11 починати се над 60 години и еден починат од возрасната група 50-59 години.
Девет од пријавените случаи се починати во болнички услови и кај 11 се регистрирани коморбидитети“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалување од 34,3%: Минатата недела 1.763 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.