еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Настава ќе биде без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение

Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски.

-Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави за МИА, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Учебната година задутре ќе почне за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно.

За овие ученици, како и за тие од прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми кои се во различни фази на одобрување.

Министерството за образование и наука соопшти дека за да се задржи континуитетот, заедно со Бирото за развој на образованието има подготвено соодветни наставни материјали за овие ученици од кои ќе учат на почетокот на учебната година.

За останатите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени.

Учебниците од четврто и погорните одделенија освен во печатен, ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот, оцени Пендаровски

Редакција

Премиера на претставата „Сите сме птици“ на Слободан Унковски, на 17 декември во МНТ

Редакција

(Фото+видео) Во криза, Општина Липково потроши 200 илјади евра за споменик на УЧК

Редакција