Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на Ковид-19.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните од Скопје се 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово – по 4, Свети Николе и Богданци – по 3, Штип, Струга, Неготино и Радовиш – по 2, Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Охрид – 80, Битола – 36, Кавадарци – 30, Прилеп – 22, Куманово и Гевгелија – по 17, Струга и Радовиш – по 10, Гостивар – 8, Кочани, Велес и Струмица – по 7, Штип и Неготино – по 6, Тетово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Кичево и Валандово – по 3, Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево – по 2, Македонски Брод, Пехчево, и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се три починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16.08. до 24.08.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714.
Фото: МЗ