еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Енергетската криза на дневен ред на седницата на Советот за безбедност, која ќе се одржи утре

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 11 часот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе биде енергетската криза во Македонија и мерките за нејзино надминување.

На седницата, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Редакција

20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат на 19 и 26 април

Редакција

Колку изнесува највисоката бруто-плата во март

Редакција