еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance (за најдобри перформанси во меѓународни плаќања во долари за 2017 година од Сити Банка – Excellence Award), информираат од банката.

“Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката.

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања“, велат од Комерцијална банка.

Фото: Викимапиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки

Редакција

Професорот Јорданов со иноваторски текстил за војнички униформи, што ќе детектира и нервен гас со промена на самата боја

Редакција

„Приказна се чита“ на Саем на книга 2024

Редакција