еМагазин
Image default
Македонија

И денеска нестабилно: Претпладне сончево, попладне со дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, наместа ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 21 степен, а дневната  од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

До недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Снимка од надзорна камера покажува колку беше силен земјотресот во Битола

Редакција

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Редакција

Од Ковид-19 за 24 часа починале 12 лица, дополнително пријавени уште 10

Редакција