Поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, Златко Перински е разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога стапил на оваа функција.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на свое име нема пријавено недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа од 80 метри квадратни во Лазарополе и два стана од 91 и 84 метри квадратни во Скопје.
Вози Фолксфаген пасат, а на името на сопругата пријавил возило Нисан Кашкаи.
На свое име и на име на родителите пријавил и акции, но не навел каде.
На девизна сметка има 12.500 евра, а пријавил и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го врати до 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велковски вели дека не е разрешен, си дал оставка оти бил разочаран од градоначалничката Арсовска
Поради влијание во тендерска постапка разрешен и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски
Фото: Фејсбук/Перински