еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа

Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Годинава Патувачкото кино е поделено во две етапи.

Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села, додека втората етапа ќе се реализира во регионот на Преспа со четири проекции на документарни филмови од 13 до 17 септември 2022 година.

Патувачкото кино во Преспа ќе се одржи на следните локации:

13.09. – Ресен (Сарај)

14.09. – с. Дрмени (кај самопослугата)

16.09. – с. Лавци (кај џамијата)

17.09. – с. Подмочани (на игралиштето)

*Проекциите се бесплатни и почнуваат во 19.30 часот.

– Преспа е повторно во фокус, бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти на современото живеење (образование, економија, политика…), но овојпат на нови локации, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на МакеДокс.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Настан каде можете да купите вистински мед: “Пролетни медени денови“ во Скопје

Редакција

Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески

Редакција

(Видео) Филмот „Пред дождот“ не ми излегува од мислите, вели Глен Клоуз

Редакција