еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ерменија и Азербејџан постигнале договор за прекин на огнот

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност, Армен Григорјан.

– Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.

Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири.

Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за 50 убиени азербејџански војници.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Слушнете ја победничката песна на „Нокаут“ на „Макфест“: „Сакам да живеам“

Редакција

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Редакција

Гаши останува претседател на Собранието, за интерпелацијата гласаа само 21 пратеник

Редакција