Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска и основач на „Групер“ станува дел од српската компанија Ananas-Ecommerce, на позицијата Int Business Development Executive, чија што цел е да го развива бизнисот регионално.
Ангеловска, информацијата ја сподели на нејзиниот LinkedIn профил.
Ananas.rs е компанија која е основана 2020 година во Белград, а како што пишува на социјалните мрежи на официјалните профили на компанијата нивната мисија е да ги спојуваат купувачите и трговците на платформа од доверба за онлајн купување.
„Со помош на иновациите и технологиите се бришат границите и се олеснува животот на луѓето,“ велат од Ananas.rs.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангеловска: Желбата ми беше да успееме и да го смениме пазарот на е-трговија
Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии
Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик
Фото: Влада