Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините и на мазутот останува иста.
Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.
Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50,391 денар за килограм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.