еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почна со работа „Стопанска лизинг“, нова компанија на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка АД – Скопје денеска го најави отпочнувањето со работа на својата нова компанија – Стопанска лизинг.

Лоцирани во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, тимот професионалци ги отвори вратите на просториите на Стопанска лизинг за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи, информираат од компанијата.

Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на NBG, давајќи ѝ цврста потпора на новата компанија во планираниот развој и работење.

Користејќи ја приликата, Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави:

„Претставува голем предизвик да се носиме со наследство од речиси 80 години во банкарството, со постојан стремеж кон иновација и понатамошен развој со цел да се оствари уште посветла иднина.

Но, тоа е она што ни го доверија нашите акционери и заедницата и тоа е причината зошто неуморно работиме да докажеме дека Стопанска е бренд кој зрачи со сигурност, доверба, партнерство и развој.

Ми претставува задоволство што денеска отпочнуваме со уште една дејност во нашето портфолио со ветување дека на клиентите на Лизинг компанијата ќе им овозможиме највисоко ниво на финансиска поддршка и советување, впрочем, како и на клиентите на Стопанска банка АД – Скопје.”

Жарко Кржаловски, директорот на Стопанска лизинг изјави:

“Денеска сме тука за да ја одбележиме завршницата на еден период на енергични подготовки, организациско структурирање и вложување со цел да се отпочне со нова приказна на пазарот. Со Стопанска лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер за компаниите и физичките лица, несебично поддржан од препознатливите брендови Стопанска банка и Групацијата на NBG.

Денешното отворање на вратите е симболично, со оглед на тоа што сакаме да сме постојано отворени за нашите клиенти и да им понудиме одржливи лизинг продукти и услуги. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во овој процес и да ги поканам сите заинтересирани клиенти да нѐ посетат или контактираат!”.

Сите информации за понудата на лизинг производи се достапни во просториите на Стопанска лизинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 дена притвор за активистката Моника која се залага за легализација на марихуаната

Редакција

Револт кон Министерството за култура: За роман 90.000 денари, за патни трошоци на Мири и Силвани 12.000 евра

Редакција

(Галерија) Постојат хотели во Белек и постои Land of Legends

Силвана Жежова