еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија ќе добие премиерка која го обожава Мусолини: Која е Џорџа Мелони?

Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар.

Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите. Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу 25,5 до 29,5 проценти.

Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.

МИА/Фото: Фејсбук/Мелони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат до еден денар за литар

Редакција

(Галерија) Кој дојде на одбележување на роденденот на кралицата Елизабета во Британската амбасада

Редакција

Во училиштата во Тетово од невакцинираните вработени ќе се бара да прават тест на секои три дена, најави Теута Арифи

Редакција